Cannes Lions, најголемиот светски фестивал на креативноста, во пресрет на овогодинешното издание на фестивалот ја лансираше својата кампања со работен наслов “Invest in Creativity” изработена во соработка со агенцијата McCann London.
Кампањата на забавен и хумуристичен начин стимулира негување на креативците и креативноста во агенциите преку инвестирање во активности кои потинуваат инспирација и нови видици.
Во новата кампања која е составена од повеќе принт и видео креативи, сака да се пренесе идејата дека не-инвестирањето во креативците е поскапо отколку инвестицијата за нивен развој, истото креира пропуштени можности, ризик за губење на клиенти како и демотивирање на остатокот од тимот.
Многу креативци одат на Cannes само како награда за нивната добро завршена работа а кампањата ги предизвикува шефовите во агенциите да инвестираат и во креативците од нивиот тим на кои им недостига стимулација за подобар перформанс. А каде би можеле да најдат подобра инспирација, отколку на Cannes Lions?