Градот Париз им строги правила за надворешно огласување кои наложуваат комерцијалните ѕидови да бидат „уметнички“ изведени, без очигледни прикази на производи или логоа. Па, при влегувањето на францускиот пазар, брендот на млечно-алтернативни производи од овес Oatly мораше да смисли навистина „уметнички“ начин за да ги „заобиколи“ строгите правил на Париз.
На прв поглед, муралите на брендот прикажуваат навидум едноставен црно-бел текст, поставувајќи прашања како: „Зарем овој ѕид не би бил многу поубав со тетрапак пијалок од овес?“, „Дали е ова парче уметност или од тие рекламите за пијалоци од овес?“ и „Ова уметничко дело е тука за да ви кажеме оти знаеме дека рекламите тука не се ценат!“.
Меѓутоа, овие натписи добиваат сосема друга димензија преку серија привремени инсталации снимени на видео, во кои со помош на разни подвижни елементи стратешки се усогласуваат слики од производите на Oatly со испишаните текстови на градские ѕидови, на тој начин создавајќи интригантен ефект на принудна перспектива.
За да се подготви оваа кампања, од компанијата велат дека „ангажирале магистер по историја на уметноста“ за да им помогне нивните билборди да се претворат во вистински уметнички инсталации.
View this post on Instagram