Спонзорството, разгледувано од аспект на ПР алатка, спаѓа во еден од поновите облици кои им стојат на располагање на компаниите за комуницирање со определена целна група до која е тешко да се допре со вообичаените маркетиншки методи.
Убава дефиниција на спонзорството би била дека тоа МОРА да донесува корист и за спознорот и за спонзорираниот.
Работа бр.1 што треба да ни биде јасна секогаш е дека – АЛТРУИЗАМ во спонзорството НЕ ПОСТОИ и затоа многу е важно да со план се истакне веројатната добивка за спонзорот кој вложува пари.
Иако спонзорството се смета како дел од маркетинг миксот, тоа сепак директно влијае и на вкупниот компаниски имиџ и затоа мора да биде вклучено и во политиките за односи со јавноста.
Спонзорствата во областите спорт и уметност се секако највоочливи, но генерално се разликуваат 9 различни типови на спонзорства:
1.Спорт. Најголем дел од парите наменети за спонзорства просечно одат за спорт. Најпопуларни спортови за спонзорирање се фудбал, кошарка,ракомет,крикет,мото трки,атлетичари и др. Кај нас во Македонија во моментов некако најмногу се инвестира во кошарката (во МЗТви Работнички) и во ракометот (Металург и Вардар).
2.Уметност и култура. Се спонзорираат театарски манифестации(“Актерот на Европа“) , класични,рок и поп концерти , опери (се сеќавате на “Ариите“ кои ги организираше една македонска банка низ неколку градови на РМ) и многу други поединечни манифестации.
3.Изложби. Традиција во некои земји (пример Англија) е да определен спонзор одржува (спонзорира) определена изложба секоја година. Мислам дека една Банка кај нас минатава година работеше нешто слично.
4.Книги. Спонзори издаваат книги или ги наградуваат најдобрите аматери-писатели со печатење на нивните книги (кај нас една фондација работеше нешто слично).
5.Образование.Определени видови на помош се на пример во : стипендии, истражувачки проекти…а некаде дури и основање на определна посебна катедра на факултетите (кај нас една компанија редовно доделува спипендии за фамрацевти).
6.Добротворни установи. Што се однесува до овај вид на помош. таа воглавно е анонимна, но во некои случаеви балгодарниците се искажуваат и јавно !
7.Стручни награди. Овие се оние спонзорства кои се доделуваат за разноврсни достигнувања во поединечни професии, уметнички или општествени дејности.
8.Експедиции. Спонзорствата од овој тип се оние кои им се овозможуваат на определени истражувачки, планинарски, археолошки и многу други, поголеми или помали експедиции.
9.Локално спонзорство. Овој вид на спонзорство постои веќе многу години заради поддршка на локалната економија. Со него се опфатени спонзорствата на локални фестивали, карневали, манифестации (Пиво Фест, Јаболкобер…) изложби по определени поводи, пливачки манифестации и многу многу други слични локални случувања.
Запаметете – Спонзорството е ПР алатка која можете многу паметно да ја искористите за подобрувањето на вашиот имиџ.Затоа, секогаш трезвено расудувајте и гледајте од комерцијален акпект кога ќе ви понудат или ќе посакате да спонзорирате.