Горан Димовски кон крајот на август ќе биде новиот генерален директор на агенцијата Меккен Скопје, членка на Групацијата AMA.

Горан ја започна својата кариера во Меккен Скопје во 2010 година, каде што извршуваше низа различни функции, вклучувајќи ги и функциите директор за продукција и директор за операции. Во 2018 година, по основањето на продукциската куќа AdVenture, која исто така е членка на Групацијата AMA, тој го презеде нејзиното управување.
„Како човек што професионално растеше заедно со Меккен Скопје, оваа улога ја доживувам како голема одговорност, но и можност да продолжиме со тимот да го градиме она што заедно го создававме во текот на годините. Познавањето на нашите клиенти и пазари е солидна основа за следната фаза од развојот, во текот на која ќе продолжиме да ги зајакнуваме партнерствата, да ги поместуваме креативните граници и да создаваме комуникациски решенија што даваат мерливи резултати“, изјави Горан Димовски.
Меккен Скопје денес се вбројува меѓу најуспешните и најнаградувани агенции на македонскиот пазар, а тоа го потврдуваат многубројните признанија на домашните и на регионалните фестивали, како и долгогодишната соработка со водечки компании.


















