Во свет каде промената е единствената константа, непредвидливиот визионер Дитмар Дамен на фестивалот Денови на комуникациите носи енергични сознанија, смели стратегии и неконвенционални методи за иден успех.
Денови на комуникациите, фестивалот кој ги собира најдобрите комуникациски, креативни и дигитални експерти во регионот, повторно ќе донесе серија инспиративни предавања, дискусии и иновации кои ја обликуваат индустријата во Ровињ од 15. до 18. мај. Промените доаѓаат побрзо од кога било, а способноста за прилагодување и креативно размислување станува клуч за успехот. Затоа на овогодинешното издание на фестивалот ќе настапи еден од највозбудливите говорници во индустријата – Дитмар Дамен, светски познат експерт за трансформација, иновации и иднината на бизнисот.
Дамен не е само маркетинг гуру – тој е вистинска „рок ѕвезда“ во светот на брендирањето и креативната стратегија. Со импресивно искуство на креативни директорски позиции во DDB, Ogilvy и BBDO, денес Дамен е основач и директор на консултантската фирма Dietmar Dahmen Brainkicks GmbH и баран говорник и советник за иновации. Неговите настапи се повеќе од предавања – тие се вистински изведби кои комбинираат енергија, хумор и храброст да ги прифатиме промените. Со непредвидливите реквизити што ги носи на сцената за да ја докаже поентата на своите зборови, Дитмар ги поместува границите на класичното ораторство и буквално ги разбива комфорните зони на публиката.
На Денови на комуникациите, Дамен ќе одржи предавање насловено „Business is a Fight Club“, со кое на уникатен начин ќе покаже како брендовите можат да се прилагодат на хаотичниот свет на модерниот маркетинг. Со незапирлива енергија, тој ќе зборува за успех насочен кон клиентите, динамични промени во индустријата и клучни чекори за градење тимови кои не само што ќе ја преживеат иднината, туку и ќе ја освојат. Но, бидејќи Денови на комуникациите никогаш не остануваат само на зборови, овој „откачен“ визионер, соодветно, ќе потврди сè за што зборува со својот настап – на начин што сигурно нема да го заборавите.
На главната сцена на фестивалот, Дамен ќе ѝ се придружи на познатата хуманоидна вештачка интелигенција Софија; најиновативниот маркетинг директор во светот според Business Insider и добитник на повеќе од 200 награди на Cannes Lions, Фернандо Мачадо, поддржано од A1; Карен Нелсон-Филд, водечки светски експерт за економија на внимание и најобјавуван автор на WARC; Блер Енс, водечки авторитет во светот за продажба и цени на креативни услуги; Мајкл Коркоран, најитриот трол на Интернетот и поранешен шеф на социјалните медиуми за Ryanair; Мариша Лакијани, експерт за вештачка интелигенција и автоматизација за раст на брендовите и максимизирање на повратот на инвестициите за огласување (ROAS); Јохан Ронстам, глобален експерт за брендирање, сериски претприемач и креативен визионер зад кампањи на брендови како што се Volvo, Adidas и IKEA; Мирели Креспи, креативен стратег што стои зад повеќе од 2.000 реклами месечно на шест јазици за светски брендови како што се Amazon, Meta, Unilever и Ubisoft; како и Амбер Кејс, киборг-антрополог и една од највлијателните жени во технологијата според Fast Company, поддржано од ENNA. Организаторите најавуваат моќена програма со лидери од регионот и светот, кои ќе гостуваат на еден од најважните настани за сите кои се занимаваат со креативност и комуникации.
За сите оние кои сакаат да бидат дел од ова уникатно искуство од 15. до 18 мај 2025 во Ровињ, повеќе информации за учество можат да најдат на www.danikomunikacija.com.