Компанијата за кондиторски производи Mars ја ангажираше креативната агенција Jones Knowles Ritchie (JKR) за помош при ребрендирањето на „најшарениот чоколаден бренд во светот“ – бонбоните M&M’s.
Целта беше во бренд идентитетот на бонбоните да се одрази стремежот и желбата за свет „каде секој се чувствува дека припаѓа“. Токму затоа, студиото работеше на флексибилен визуелен систем кој може да се меша и комбинира.
Тргнувајќи од добро познатата тактика на „враќање кон корените“ на компанијата, агенцијата го искористи средниот знак за ‘и’ (&) во логото на брендот, издигнувајќи го во симбол на глобално заедништво многу поголемо од изворното пријателство на основачите Mars и Murrie.
Друг значаен аспект во обновениот бренд идентитет на бонбоните е разноликоста на боите – како што самите бонбони доѓаат во најразлични варијанти, така и брендот за своите промотивни потреби ќе користи исто толку широка палета на бои кои ќе ги меша и комбинира по желба.
Брендот доби и нов фонт, наречен “All Together” („Сите заедно“), кој вклучува елементи во обликот на насмевката и заоблената форма на самите бонбони.
Динамичките елементи во промотивните материјали на M&M’s ќе градат систем од движења во кој бонбоните „паѓаат, се вртат, скокаат и се тркалаат“.
„Во Mars ние веруваме дека во светот кој го сакаме утре, општеството е инклузивно. И, како еден од нашите најиконични брендови, M&M’s најавува нова глобална посветеност на креирањето свет во кој сите припаѓаат“ – посочуваат од компанијата Mars, по повод ребрендирањето на M&M’s, додавајќи дека: „M&M’s се тука повеќе од 80 години и ова година брендот продолжува да еволуира, рефлектирајќи ја подинамичниот прогресивен свет во кој живееме“.