(РЕГИОН) – Најголемата телекомуникациска компанија и еден од најголемите огласувачи во Бугарија “Мобилтел” потпиша едногодишен договор за ПР услуги со долгогодишната независна бугарска агенција United Partners. Во рамките на новото партнерство, двете компании ќе работат во насока на позиционирање на брендот “Мтел” од телекомуникациски оператор кон дигитална медиска компанија со сопствени спортски содржини.
Тоа е логично продолжение на промените коишто настанаа во бизнисот на “Мобилтел” во последните две години. Кон крајот на 2015 година, сопствениците на компанијата – Telecom Austria Group (TAG) одлучи да ја засили позицијата на телекомот во фискниот сегмент и го купи кабелскиот оператор “Близу”. Сепак, можеби најголемата транформација се случи на почетокот на оваа година, кога беа лансирани спортските канали Mtel Sport 1 и 2.
Целите кои United Partners ги определија за нивната заедничка работа со “Мобилтел” се да придонесат кон бизнис резултатите на компанијата и позиционирањето на “Мтел” како лидер во телекомуникациите, со сите достапни алатки на современите меркетинг и корпоративни комуникации.
Од United Partners коментираат дека технолошкиот и телекомуникацискиот сектор секогаш биле стратешки важни за развојот на агенцијата. “Веруваме дека со компанија како “Мтел” зборуваме на ист јазик и сме спремни да експериментираме и да ги бараме најиновативните и најефективни комуникациски решенија,” изјави Марија Гергова-Бенгтсон, директор на United Parners.