После неколку месеци карантин, Cineplex пополека започнува да ги отвора своите кино-сали во различни држави ширум светот. Со цел да ги потсети љубителите на филмови колкава е всушност моќта на споделеното искуство во кино, притоа почитувајќи ги и предвидените мерки за физичко дистанцирање, Cineplex организираше проекција на отворено за жителните на еден станбен комплекс во Торонто, Канада.
Cineplex го проектираше филмот „How to Train Your Dragon“ на 12 метарски ѕид, а жителите од околните згради го гледаа од своите балкони и прозорци. Ѕвукот на филмот беше емитуван преку посебен FM радио-канал, а Cineplex на гледачите им достави и пуканки преку сервисот за достава SkipTheDishes. Проекцијата беше организирана со помош на агенцијата Zulu Alpha Kilo.
Во меѓувреме, Cineplex склучи и партнерство со хуманитарната организација Food Banks Canada и сервисите за достава SkipTheDishes и UberEats, да донира по 1 долар за секоја нарачка и достава на грицки и пијалоци до луѓето кои си организираат приватни филмски вечери во својот дом.