Британскиот пивски бренд Carling лансираше нова кампања насловена “We’re Made by our Mates” („Ние сме создадени од нашите другари“ или подобро речено – „Ние сме дефинирани од нашите другари“).
Се работи за серија од кратки спотови кои го пренесуваат духот на другарството и лесниот хумор меѓу истомислениците, сместени во различни животни ситуации – дома гледајќи фудбал, пиејќи пиво во локалниот паб, превоз со автомобил во случај на велосипедска незгода, купување на иста облека и слично.
Кампањата всушност означува мало поместување во позиционирањето на Carling, од бренд насочен кон моќта на заедницата во бренд насочен кон моќта на пријателството.
Кампањата ќе се емитува на британските телевизии до крајот на годината, проследено со активности на социјалните мрежи. За нејзината реализација се предвидени 6.6 милиони фунти. Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Havas London.