Британската непрофитна организација за помош на луѓето болни од рак, Macmillan Cancer Support, лансираше нова кампања во која го претставува својот тим како емпатични борци кои ќе направат сé за да им помогнат на луѓето кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на живеењето со рак.
Кампањата насловена “Tender yet Tough” („Нежни, но сепак цврсти“) ги претставува грижата, вештината, генијалноста, хуморот и нежноста како клучни карактеристики на вработените и волонтерите во Macmillan Cancer Support, позиционирајќи ја организацијата како клучен партнер во борбата за обезбедување на најдобрата грижа и поддршка на луѓето кои боледуваат од рак.
Кампањата вклучува активности на телевизија, радио и социјалните медиуми, а главниот акцент ќе биде ставен на двоминутниот спот (и неговата пократка 30-секундна верзија) насловен “Whatever it Takes” („Сé што е потребно“).
Креативната агенција која стои позади кампањата е AMV BBDO, а продукциската куќа е Iconoclast.