Дезинфекцијата на рацете стана важен дел од животот н луѓето низ светот, промовирана преку бројни кампањи од различни здравствени организации и брендови. Меѓутоа, што со паметните телефони – уреди кои постојано ги држиме во раце и ги доближуваме до лицето?
Финската здравствена компанија Terveystalo понуди решение. Со помош на креативната агенција TBWA\Helsinki, компанијата трансформираше повеќе билборди во терминали за дезинфекција на телефони.
Билбордите т.е. терминалите за дезинфекција се поставени во неколку трговски центри во финските градови Хелсинки и Турку, а работаат врз принцип на УВ светлина, која телефоните ги дезинфицира за само 15 секунди. Минувачите е потребно само да отворат мало вратниче, да го стават телефонот, да почекаат 15 секунди и да си го земат повторно.
„Ние во Terveystalo го гледаме здравјето во еден поширок контекст. Не само како да ги лечиме заболувањата, туку како и да ги превенираме. За време на глобална пандемија, особено е важно одржувањето на силен имунолошки систем и правилна хигиена на рацете. Овој проект треба да ги потсетува луѓето да водат грижа за секој аспект од нивното здравје, а билбордите се одличен начин да се рашири оваа важна порака,“ истакнува Вера Сивонен, маркетинг и комуникациски директор на Terveystalo.