Некогаш гаранцијата за успех на една компанија се огледала според традиционалните критериуми, како големината и препознатливоста. Денес, виталноста и иднината на брендот можат непогрешиво да се проценат со помош на нова метрика која е развиена од страна на мрежата IPG Mediabrands во партнерство со Varton школата на Универзитетот во Пенсилванија. Во рамките на IPG Mediabrands работат и агенциите UM и Initiative кои се дел од I&F McCann Grupa. Новиот метрички систем се базира на оценката на динамичноста на брендот, односно преку анализа на четири параметри: агилност, брза реакција, иновативност и “друштвеност“ . D100 претставува листа на светски брендови рангирани токму спрема оценката на динамичноста која настанала како резултат на опширното истражување.
Испитани се преку 10,000 потрошувачи на пет големи пазари – САД, Велика Британија, Германија, Кина и Индија, а прашањата се однесувале на преку 1,200 глобални и локални брендови. “Ранг листата D100, како и податоците до кои дојдовме со истражувањето, е исклучително интересна. Оценката на динамичноста и новата глобална метрика за успех на брендовите на пазарот овозможува IPG Mediabrands мрежата на клиентите да им помогне навистина да постанат динамични и да се менуваат во согласност со потребите на потрошувачите,” изјави Henri Tajer, глобален извршен директор на IPG Mediabrands.
Оценката на динамичноста е одредена со помош на четири клучни параметри:
- AGILITY– способност на брендот да се прилагоди на пазарните промени;
- RESPONSIVENESS – дали брендот ги наслушува и одговара на потребите и впечатоците на потрошувачите;
- INNOVATION – употреба на новите технологии и креирање на нови производи и услуги;
- SOCIABILITY – големината и активностите на публиката која брендот ја собира на социјалните мрежи.
Податоците за првите три параметри Agility, Responsiveness и Innovation) се собрани врз база на перцепцијата на потрошувачите, а четвртиот (Sociability), преку анализа на податоци од социјалните мрежи Facebook, Twitter и Weibo. Секој параметар е најпрвин стандардизиран, а потоа е креирана просечна вредност врз основа на која се формира оценка за вкупната динамичност на брендот.
Десет најдинамични брендови на светот се:
- Amazon
- Samsung
- Nike
- Intel
- NASA
- BMW
- Mercedes-Benz
- Audi
- Lenovo
D100 јасно ги поврзува оценката на динамичноста и успехот на компанијата на пазарот. Динамичните брендови, чијашто оценка за динамичност е над просекот, имале за 2,7% поголем раст на приходите во последниот квартал во изминатата година. Можеби овај процент не делува значајно кога се разгледува самостојно, но вкупниот раст на приходите по брендовите обично се движи до 4.4%. Корелацијата помеѓу динамичноста и приходите ја надминува традиционалната метрика базирана на големината и препознатливоста на брендот, а во оваа равенка посебно се истакнува параметарот Претприемливост на брендот – претприемачките компании имаат поголема пазарна вредност.
За дополнителни информации за учинокот на брендовите во истражувањето, како и комплетната ранг листа D100, посетете ја www.thed100.com.