Кевин Колеран, на американските компании им е познат како Фејсбуковиот “продавач“ и маркетинг стручњак број 1. Неодамна Колеран на интернет ја објави својата прва продажна презентација која ја направил за Фејсбук, во времето кога сеуште денешниот гигант беше мала студентска социјална мрежа – со голема идеја, да го поврзи светот !
“TheFaceBook им овозможува на студентите да пребаруваат луѓе од нивното школо….да пребаруваат пријатели, да се вмрежат, и да ја визуализираат својата социјална мрежа со фотографии“ , се првите зборови со кои Колеран го опишува својот продукт и нагласува “TheFaceBook им овозможува на брендовите да таргетираат “проверени“ студенти на возраст од 18 до 24 години“.
Во тоа време опциите кои ги нудеше Фејсбук за огласување не беа “но до колена“ на сегашниот софистициран систем и тактики кои се применуваат сега.Во 2005, огласувачите сепак можеле да бираат помеѓу банери, интро огласи (исклучително во текстуален облик) и прилагодени групи дизајнирани да им помогнат на огласувачите да создадат свои следбеници на факултетите, но и да им овозможат секојдневна интеракција со нив.
Во презентацијата можеме да го видиме и пророштвото на Колерановата оценка дека : “TheFaceBook“ им нуди на огласувачите таргетирање на купувачите на основа на информациите кои ги добиваат на нивните профили – вклучувајќи податоци за нивниот љубовен статус, најдраги книги, филмови,музика итн..
“Лудило е да се види колку далеку отиде Фејсбук во последниве 10 години“, напиша Колеран на Твитер !
Симнете ја целосната верзија на ПРВАТА продажна презентација на Фејсбук, на ОВОЈ линк !