Американскиот спортски пијалак BodyArmor, во сопственост на Coca-Cola, ја лансираше својата наголема кампања досега со цел промоција на нискокалоричната верзија BodyArmor Lyte пред фитнес-ориентираната целна група.
Главна ѕвезда на кампањата е американската поп-ѕвезда Џенифер Лопез која ја открива својата дневна фитнес рутина на трчање покрај плажа од 5 часот наутро. „Секој ден можете да изберете: Дали сакам повеќе? Може ли да станам посилна? Може ли да се поттикнам повеќе? Може ли да се подобрам?“ – порачува популарната Џеј Ло.
„BodyArmor се заснова на идејата дека решителноста, напорната работа и страста нè поттикнуваат да бидеме најдобрата верзија на себе и тоа е заедничка вредност што резонира со мене и како сакам да го живеам мојот живот“ – истакнува Лопез во соопштението по повод кампањата.
Во однос на нејзиниот ангажман, генералниот маркетинг директор на BodyArmor Sports Nutrition, Мет Џамба, објаснува: „Џенифер Лопез е глобална икона која ги надминува културите и генерациите подеднакво. Таа има неуморна работна етика и интензитет за кој што ние сме горди што го прикажуваме во нашата најнова кампања за BodyArmor Lyte како една од најголемите досега. Беше инспиративно да ја видиме [Џенифер Лопез] на дело од прва рака и со нетрпение очекуваме да видиме каде ќе нѐ одведе оваа кампања“.