Со објавувањето на кампањата на Џон Касич во вторникот, бројот на претседателски кандидати на Америка за 2016 година се искачи на 21. И секој од нив се надева да се брендира себеси со уникатно лого.
Логоата на кампањите на кандидатите нудат увид во она што кандидатите се надеваат дека ќе им го пренесат на гласачите.
Четвроциа графички дизајнери, кои го поминале својот живот откривајќи ги овие комплексни концепти до најситниот потег, зборуваат за тоа како ги доживуваат и што значат логоата на претседателските кандидати и кои од нив ги оценуваат за најдобри а кои за најлоши.
Стивен Хелер – Ко-претседател на одделот за дизајн на Факултетот за ликовни уметници, автор на 170 книги за графички дизајн и популарна култура и добитник на Националната награда Смитсонијан дизајн.
Најлошо лого: Рик Пери – Засрамувачкото лого на Пери не значи дека се подобри логоата на Линдзи Грахам и Џорџ Потакии. Меѓутоа нивните графички ракувачи го знаат значењето на стандардите. Со други зборови, ако претпоставиме дека тие нема долго време да останат во трката, луѓето на Грахам и Патаки имаат добра смисла да не трошат премногу креативна енергија или пари за нивните кандидати.
Да започнеме со формата на логото на Пери: Кругот беше успешен за американскиот претседател Барак Одама поради очигледни причини. Овде се чини дека има малку смисла, бидејќи името на Пери не одговара со контурата на кругот. Проредот е премногу широк за неговото име, кое е совладано од кругот и премногу тесно за зборот „претседател“ кој нема посебна моќ како збор во овој концепт.
Глупавоста во логото е буквата „Р“ која едвај се гледа поради ѕвездата над неа. Односот на ѕвездата со буквата е аматерска.
Најдобро лого: Хилари Клинтон – Постојат многу филозофски причини поради кои треба да се критикува логото на Хилари, меѓутоа едно нешто е сигурно со оглед на графиката на логоата на кампањата во 2016 година – ова лого е најоригиналното со оглед на неговата минималност и подвижност. Исто како Обама што „играше“ со логото и неговата буква од презимето, така направи и Хилари.
Дејвид Карсон – Графички дизајнер познат по неговата работа во магазини како „RayGun“, „Transworld Skateboarding“ и „Beach magazine“. Држел говор за ТЕD и е добитник на златен медал на американскиот институт за графичка уметност.
Најлошо лого: Хилари и Џеб – Со првата кампања на Обама, за прв пат Америка виде колку логото е важно за изборите и за кампањата на еден претседател – нешто што претходно се занемаруваше во текот на американската политичка историја. Победата и возбудата на Обама меѓу новите и помладите гласачи делумно може да се објасни со силната употреба на емотивното лого.
Хилари од друга страна направи погрешен чекор. Првата реакција која ја имав кога го погледнав нејзиното лого беше: Болница десно. Логото изгледа далечно, ладно, непоканувачки и веројатно добиваме иста перцепција како и самиот кандидат. Се чини дека секој кој има пристап до компјутер би можел да направи вакво лого. Во графичкиот дизајн, и во дизајнот на логоата, многу е тенка линијата помеѓу едноставно и моќно, и едноставно и досадно. Мислам навистина, стрелка која ја формира буквата Н? Логото на Хилари ја прави глупава професијата графички дизајнер. Во неодамнешната анкета, на околу 70% од Американците не им се допаѓа логото на Хилари. Во мојата книга, како графички дизајнер, ова е јасен пропуст.
Што се однесува до Џеб, не верувам дека некој имал полошо претседателско лого од Хилари, меѓутоа Џеб ме увери во тоа. Мојата прва реакција кога го видов неговото лого? Хокеј. Неговото лого не кажува ништо ново, ништо возбудливо, прогресивно ниту пак сериозно.
Најдоброто лого: Ренд Пол – Иако оваа година стандардот е доста низок, можам да речам можеби логото на Ренд Пол е најдобро поради неговата искреност и директност и фонтот, иако јас би направил промена на пламенот.
Геил Андерсон – Партнер во „Anderson Newton Design“; предава на Училиштето за визуелни уметности.
Најлошото лого: Џеб! – Логото навистина ми пречи. Премногу е неформално. Со додавањето на извичник на веќе обично име покажува дека можеби сме стари другари, а тоа не го барам за претседател.
Најдоброто лого: Хилари – Логото на Хилари е доста критикувано затоа што стрелката е насочена кон десно, меѓутоа за мене тоа е насока кон иднината. И најдобрите логоа секогаш изгледаат едноставно.
Џон Касерта – Основач и директор на „The design office“, работен простор за независни дизајнери.
Најлошото лого: Хилари – Хилари користи политички бои. Меѓутоа логото е премногу дијаграматско за да понуди чувство дека станува збор за жена. Како што вели една моја колешка: „Сакам да ми се допаѓа, и сакам таа да ми се допаѓа, меѓутоа не ми се допаѓа никој“.
Најдоброто лого: Берни – Успешните логоа можат да го покажат карактерот на личноста како и неговата политичка идеологија. Џеб и Берни соодветно ги користат нивните имиња во неформални, пристапни фонтови.
Извор: Факултети.мк