Американската компанија Амазон, на чело со најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, оваа година е повторно највредниот бренд во светот, со проценета вредност од 683,85 милијарди долари.
Ова го покажуваат податоците од сервисот Kantar BrandZ.
Вредноста на Amazon се зголеми за дури 64% за една година, благодарение на пандемиските услови во кои беше забележан растот на онлајн продажбата, која што е основниот бизнис на оваа компанија. Покрај овој бизнис, Amazon постигнува значајни резултати и на пазарите на веб и претплатнички услуги.
Втор на листата е Apple, со вредност на брендот од 612 милијарди долари. Apple не беше целосно имун од ефектите од ковид-19 во првите денови на пандемијата, кога акциите на компанијата паднаа за речиси 19% во однос на рекордната вредност – но компанијата брзо закрепна и пријави рекордни приходи од 64,7 милијарди долари во четвртиот квартал од 2020 година.
Google се најде на третото место со вредност од 458 милијарди долари.
На листата на 10 -те највредни светски брендови се и две компании кои обезбедуваат услуги за плаќање со картички, Visa и Mastercard.
Целата табела на десетте највредни брендови во светот оваа година изгледа вака:
Според најновиот извештај на американската компанија Kantar, кој ја мери вредноста на глобалните брендови, најголем скок во споредба со 2020 година имаат Tesla (+ 275%) и TikTok (+ 158%), како и Instagram (+ 100%) и Uni Qlo (+88%).
Од производителите на телефони после Apple, Samsung е рангиран на 42 -то место, Huawei на 50 -то и Xiaomi на 70 -то место.
Меѓу првите 100 брендови, најголема збирна вредност има малопродажбата – 1.288 милијарди долари, потоа следуваат медиумите и забавата со 1.284 милијарди долари и деловните решенија и технологијата со 1.250 милијарди долари. Следната групација ја сочинуваат потрошувачките брендови со 752 милијарди долари и телекомуникациските провајдери со 465 милијарди долари.