Eдна од поинтересните маркетинг стратегии што се вретеше во јавноста во 2013 година е co-branding стратегијата помеѓу Krups (германски производител на апарати за домаќинство) и Heineken. Иако овие две компании се занимаваат со различни бизниси т.е произведуваат производи кои се во сосема различни категории на производи, сепак претставуваат одличен пример за успешна co-branding стратегија.
Целта на оваа co-branding стратегија помеѓу Krups и Heineken е да се таргетираат помлади лица (upper middle segment) од таканаречените «emergent markets» и да им се понуди искуство со ова premium пиво независно дали е тоа во бар или во домашна атмосфера.
Сличен е примерот на co-branding помеѓу Krups и Nestlé Nespresso. И оваа co-branding стратегија се покажа како многу успешен пример.
Што е всушност идејата со co-branding стратегиите ? Иако темата за co-branding е доста сложена, сепак главната цел на компаниите е да направат Brand Image Evolution. Тоа значи дека едниот бренд производ ќе му позајми некои асоцијации на другиот бренд производ и обратно со цел да се направи надополнување на brand image и на двата брендови (win-win).