Агенцијата RPA и Хонда креираа магични празнични моменти за оние на кои тоа им е најпотребно
Децата кои се борат против ракот не можат секогаш да ја напуштат болницата за да уживаат во божиќните празници, па така агенцијата RPA и Honda одлучија да донесат малку празнична магија во нивните животи со помош на проширена реалност (AR).
Во соработка со една педијатриска клиника во Калифорнија, Honda и агенцијата RPA направија персонализирани честитки со желби за брзо оздравување, но истите содржеа и фантастично искуство со помош на зголемена реалност и искрени пораки на надеж.
ЗА секој Фејсбук “Like” или“ Love” на видео кампањата Хонда ќе донира еден долар, до вкупно 100 000 долари за помош на децата заболени од рак.
Судејќи според насмевките на децата и нивните восхитени погледи, тимот кој стои зад оваа кампања дефинитивно постигна непроценлив поврат на нивната донација.
И вие можете да доживеете сопствена верзија на оваа честитка со зголемена реалност, доколку одете на оваа верзија прилагодена на пребарувачите.