Пред петнаесетина дена, во центарот на Белград на билборд осамнаа вештачки бели дробови направени од памук…..
Ден за ден, нивната белина преминуваше во сивотија пред која минувачите застануваа вџашени. Тешко им беше да поверуваат дека вдишуваат толку загаден воздух…..
Последниот ден, на билбордите осамна порака ‘‘Вдиши длабоко‘‘ – MK Mountain Resort поставена на чисти и бели како снег бели дробови.
Стана јасно дека станува збор за супер креативен и иновативен начин на кој маркетинг агенциите Меккен Скопје и Меккен Белград го рекламираат планинскиот ресорт. Кампањата создаде голем buzz на социјалните мрежи, ја поттикна заинтересираноста на медиумите а на белграѓани им ги отвори очите. Се надеваме дека и на MK Mountain Resort ќе им донесе повеќе гости.
Браво за МекКен Скопје и МекКен Белград како и за креативните директори Јана Савич Растовац и Владимир Косич и Арт директорот Здравко Кеврешан.
За крај, можете ли да замислите како ќе излгедаа скопските бели дробови ако ги оставевме само неколку дена во Скопје? :)