Данскиот бренд на пиво Carlsberg започна нова кампања за британскиот пазар, насловена „The Best Things Come To The Curious“ („Најдобрите работи им следуваат на љубопитните“).
Кампањата се заснова на идејата дека многу од најдобрите работи во животот – идеи, пиво, музика, излегување, пронајдоци – делат едно нешто заедничко: сите тие започнуваат со искра на љубопитност.
Во конкретниот случај, централниот телевизиски спот на кампањата ја покажува обединувачката моќ на љубопитноста со патување низ вековите за да открие како се родила една од најдобрите работи во современото живеење – музиката.
Кампањата е создадена од страна на креативната агенција Fold7 и продукциската куќа Magna Studios.