Одлична вест за оние на кои им треба повеќе време за да ги финализираат апликациите за нивните проекти на SoMo Borac: рокот за пријавување е продолжен до 1 октомври 2024 година!
Натпреварот е поделен во две групи: „Огласување“ и „Медиуми“, кои се понатаму поделени во повеќе натпреварувачки категории – вкупно 17, кои соодветствуваат на актуелниот деловен пејсаж во дигиталната индустрија.
Жирито на SoMo Borac го сочинуваат најголемите регионални дигитални експерти, кои ќе ги оценуваат пријавените проекти според критериумите на оригиналноста и креативноста, квалитетот на имплементација и резултатите од проектот.
SoMo Borac веќе 12 години ги наградува најдобрите дигитални проекти и кампањи во регионот, а оваа година вторпат по ред наградната церемонија ќе биде проследена со целодневна конференција која ќе се одржи на 25. октомври во студентскиот центар во Загреб.
Па така, покрај наградувањето на најуспешните дигитални проекти, SoMo Borac е одлична можност за поврзување и размена на искуства помеѓу регионалните експерти од областа на дигиталниот маркетинг и дигиталното издаваштво, но и можност за едукација преку предавања кои опфаќаат актуелни и релевантни теми од индустријата поткрепени со регионални и глобални примери.
Потсетуваме: Рокот за пријавување во натпреварувачкито дел е продолжен до 1 октомври, а своите апликации можете да ги поднесете преку следниот ЛИНК.
Сите новости за овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, на нивната официјална веб-страница, какко и на профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn.