Publicis Groupe стана највредната агенциска групација во светот откако покажа добри резултати во справувањето со предизвиците кои ги донесе пандемијата и ги надмина конкурентите Omnicom и WPP, пишува адвертајзинг магазинот Campaign.
Пазарната вредност на Publicis Groupe се проценува на 16.3 милијарди долари. По нив следува WPP со пазарни вредност од 15.4 милијарди долари и Omnicom со 15.1 милијарди долари.
„Големата четворка“ ја комплетира Interpublic Group која покажа најдобри резултати и најголем раст за време на пандемијата, достигнувајќи вредност од 14.4 милијарди долари.
Најголем работодавател е WPP со околу 100,000 вработени на глобално ниво, а по нив следуваат Publicis со 80,000, Omnicom со 65,000 и Interpublic Group со 54,000 вработени.