Во пресрет на Олимписките игри, брендот на сосови Heinz лансираше нова кампања за францускиот пазар со која им оддава признание на виртуозите за кечап ширум светот, кои доега неправедно биле игнорирани.
Од експерти за отварање шишиња до погрешно разбрани уметници, сите ги знаат овие секојдневни херои во потрага по признание! Сите овие победи заслужуваат медал и пред сè – достојна прослава.
Овие прослави на секојдневните херои се исто така симболични за позиционирањето на брендот. Heinz генерира ирационална љубов кај своите милиони обожаватели, па затоа е соодветно да се прослават „најжестоките“ од нив во оваа нова кампања, каде вкусот на победата никогаш не бил повкусен! :)
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BETC Paris.