Меѓународната новинска агенција Reuters ја објави својата прва голема глобална бренд кампањата, насловена “The Source”, односно „Изворот“.
Идејата позади кампањата е дека Reuters е изворот од каде што вестите всушност ги добиваат вестите. Односно, кампањата се надоградува на долгата 170-годишна традиција на медискиот бренд, кој има уникатен модел на снабдување со вести за светските медиски организации, компании и сите професионални чинители кои имаат интерес за нив.
Во овој поделен културен контекст во кој живееме, светот како никогаш досега има потреба од независно и објективно новинарство. Новата кампања на Reuters го позиционира брендот токму во центарот на сето тоа, следејќи го принципот да ја пренесе сечија страна на приказната, но да не зазема ниту една, овозможувајќи им на читателите да изградат сопствен информиран став за работите.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VMLY&R London и продукциската куќа Borderland. Покрај централниот спот од 60-секунди, таа исто така ќе вклучува и онлајн и out-of-home активности.