Претставувајќи „неконвенционална нијанса за неконвенционално време“, PANTONE го објави својот избор за Боја на годината 2023: PANTONE 18-1750, односно „Viva Magenta“.
Нијансираниот темноцрвен тон, наменет да го симболизира оптимизмот, моќта и експериментирањето, треба да ги поттикне креативците да го прифатата бунтовничкиот дух и да се изразуваат бестрашно и без воздржување.
Со доза на наметливост, но без агресивност, употребата на темната црвена боја веднаш не доминира во видното поле, туку напротив, одразува посуптилен пристап на „тупаница во кадифена ракавица“ – полека вовлекувајќи ве со својата динамичност.
„PANTONE 18-1750 Viva Magenta потекнува од семејството на црвената, а инспирирана е од црвеното на инсектот кохинело – една од најскапоцените бои што припаѓа на семејството на природни бои, како и една од најсилните и најсветлите што ги знае светот. Вкоренета во исконското, PANTONE 18-1750 Viva Magenta повторно нè поврзува со оригиналната материја. Повикувајќи се на силите на природата, го галванизира нашиот дух, помагајќи ни да ја изградиме нашата внатрешна сила“ – објаснува Леатрис Ајсман, извршна директорка на Институтот за бои при PANTONE.
За да ја илустрира суштината на PANTONE 18-1750 Viva Magenta, компанијата соработуваше со долгогодишниот партнер Huge, користејќи ја алатката за визуелизација базирана на вештачка интелигенција Midjourney.
PANTONE и Huge потоа се здружиле со креативната компанија ARTECHOUSE за да создадат нов виртуелен свет во метаверзумот, базиран на бојата, соодветно наречен “Magentaverse“.