На Инстаграм страницата каде што е поставена рекламата, агенцијата TBWA пишува: „Кампањата е започната, но сигурно нема да ја видите“.
Ако вашата стратегија подразбира и надворешно рекламирање како дел од вашата кампања, веројатно сте се откажале од инвестирање во тој вид рекламирање,или барем сте го одложиле во овој период. Со правилата за карантин и социјално дистанцирање низ целиот свет, ова е најлошото можно време за рекламирање на отворено – уште помалку за лансирање на нов бренд.
Но, агенцијата TBWA Worldwide се здружи со производителот на вино Хан за да започне мудра и многу интересна кампања за надворешно огладување, која го прифати фактот дека заради политиката на неизлегување од домовите за време на оваа криза, веројатно нема да ја видите ниту кампањата. Барем не во реалниот свет.
На Инстаграм страницата каде што е поставена рекламата, агенцијата TBWA пишува: „Кампањата е започната, но сигурно нема да ја видите“.
А за сите што прашувате, на задната страна на рекламата пишува: „Ако можете да го прочитате ова, премногу сте блиску“.