Секој работен ден од 7.30 до 10.00 на www.slobodenpecat.mk и www.slobodna.tv информации и анализи пред сите други медиуми
Од понеделник на страницата на www.slobodenpecat.mk и www.slobodna.tv можете да ја следите новата информативно-политичка емисија „Утрински брифинг“. Идејниот творец на овој проект Сашо Ордановски најавува брзи информации и анализи пред сите останати медиуми, почнувајќи го секој работен ден од рано наутро во 7.30 часот па се до 10.00.
-Ќе биде многу динамична програма со многу линковски и телефонски вклучувања од различни позиции во градот и земјата со гости и анализи во студиото. Со динамични содржини „Утрински брифинг“ ќе го „диктира“ денот до пладне или за разлика од другите кои почнуваат многу подоцна, сакаме до 10.00 да го поставиме денот, вели Ордановски.
извор: slobodenpecat.mk