Обрачот околу Фејсбук се стега. По најавениот бојкот од повеќе брендови како The North End, Patagonia, Upwork, Ben & Jerry и други, петтиот најголем сервис за пораки во светот Viber се одлучи да ги прекине сите врски со својот комерцијален партнер Фејсбук.
Бојкотот на Фејсбук започна како протестна иницијатива против одлуката на социјалната мрежа да не го цензурира американскиот претседател Доналд Трамп и неговите наводно „насилни“ постови.
Сервисот Вибер, дел од јапонскиот конгломерат Ракутен, ги повлече сите реклами од Фејсбук и сестринската платформа Инстаграм уште пред некоку денови, а сега соопшти дека започнува интензивен процес на целосно прекинување на врските со Фејсбук.
Вибер има интегрирано неколку сервиси на Фејсбук, како што е Facebook Connect, која на корисниците им овозможува логирање на Вибер со нивниот Фејсбук профил. Сервисот за пораки ја користи и колекцијата на анимирани слики Giphy, која во месец мај беше купена од Фејсбук.
Според генералниот директор на Вибер, Џамел Агава, ваквиот потег е предизвикан од „лошата проценка на Фејсбук за својата улога во денешниот свет.“ Реплицирајќи на сега веќе фамозната изјава на Зукерберг дека „компаниите не треба да бидат арбитри на вистината“, Агава посочи: „Ние не сме арбитри на вистината, но вистината е дека некои луѓе страдаат од ширењето на насилна содржина и компаниите мора да завземат јасен став.“