Шведскиот производител на автомобили Volvo ја објави својата прва кампања целосно генерирана со помош на вештачка интелигенција, насловена „Come Back Stronger“ („Вратете се посилни“). Кампањата ќе се емитува на пазарот во Саудиска Арабија, а се надоврзува на стратегијата за проширувањето на Volvo на брзорастечкиот пазар за електрични возила во саудиското Кралство.
Краткиот филм комбинира симболични слики и емоционално раскажување приказни, истакнувајќи ги истрајноста, амбицијата и културниот идентитет на жителите на Саудиска Арабија. Наместо да прикажува автомобили, кампањата има за цел да изгради емотивна врска со гледачите, како одраз на посветеноста на Volvo кон одржливоста, иновативноста и дизајнот насочени кон човечноста и човечката благостостојба.
Илустрациите за рекламата се создадени со помош на генеративната вештачка интелигенција на програмата Midjourney, потоа анимирани со помош на вештачката интелигенција на Runway. Сценариото било оригинално напишано од човек, а потоа проширено со помош на вештачката интелигенција на ChatGPT.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Lion Creative од Дубаи.