Германскиот производителот на автомобили Opel лансираше исклучително забавна кампања за европскиот и британскиот пазар, наменета за промоција на новиот електричен модел на Corsa.
Централниот спот на кампањата насловена “Yes, of Corsa!” се расплетува во ритмот на енергичен електро музички бит, паралелно со кој се менуваат бројни разиграни сцени што ја преминуваат границата помеѓу реалното и фантастичното.
Сцените се проследени со нарација која поставува различни прашања поврзани со перформансите на автомобилот, на што секој одговор е ентузијастично: “Yes, of Corsa!” – игра на зборови на фразата “Yes, of Course!” („Да, се разбира!“).
Кампањата е создадена во соработка со лондонската и берлинската канцеларија на креативната агенција Jung von Matt.