Home » Во фокусот » Зеле банер кај нивниот конкурент за 400.000 долари на ден!

Зеле банер кај нивниот конкурент за 400.000 долари на ден!

Сервисот за слушање музика, Spotify, одлучи да се рекламира кај еден од своите најголеми конкуренти, YouTube, каде за почеток ќе купи тејковер банер на насловната страна.

Според ценовникот од февруари, тејковер банерот ќе го чини Spotify 400.000 долари на ден. Рекламата е дел од виралната кампања за бендот Феникс која во текот на денот требаше да се развива во 18 делови.

Ова е дел од големата маркетинг кампања на Spotify за промовирање на сопствениот сервис. Минатиот месец, тие платија 10 милиони долари за телевизиски реклами.

Sportify - Marketing365.blog.mk

ЈуТјуб како најпопуларниот сајт за слушање музика е и еден од најголемите конкуренти на Spotify.

И покрај сумата ова не е најскапата цена за тејковер банер на интернет, цената на овој банер на насловната на Јаху е 600.000 долари на ден, меѓутоа генерално го продаваат за 450.000 долари.

Иста цена како ЈуТјуб има и насловната на АОЛ. Од поевтините, банер на страната за најавување на Фејсбук чини 100.000 долари, додека промовирана тема на Твитер е 120.000 долари.

Статијава ја презедов од Off.net.mk пошто ми се виде интересна да ја преобјавам и на блогов – за да ја видат моите читатели кои ќе ја пропуштат на оригиналниот  линк.

 

Види ги ти Sportify, решиле да фирлаат пари…паметно….доста бесплатен публицитет со овој потег ќе добијат и на многу други медиуми…еве дури и во Македонија ги зборуваме :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365