Home » Во фокусот » 10 работи кои треба да ги знаете за Marketing Kingdom Skopje

10 работи кои треба да ги знаете за Marketing Kingdom Skopje

На само 2 недели пред Marketing Kingdom Skopje, кој се одржува на 30 септември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, сакаме да споделиме со вас некои интересни факти за најочекуваниот маркетинг-настан во Македонија оваа година.

1.Marketing Kingdom Skopje е првиот настан во Македонија кој вклучува презентации од светски гуруа за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAP и VISA.

MKS 1

2. Настанот вклучува и интерактивни презентации од Патрик Џефсон, генералниот секретар на принцезата Дијана и Мери Џо Џејкоби – единствената деловна личност во светот што работела за два претседатела на САД, Кралицата на Велика Британија и премиер на Велика Британија. А да, и Обама лично ја назначи да управува со кризата во BP America, за време на пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив.

MKS 2

3.Со над 250 делегати од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Косово, Marketing Kingdom Skopje нуди единствена можност за склопување нови контакти и ширење познанства со некои од најиновативните експерти за маркетинг во регионот.

4. За да ја задоволиме огромната побарувачка на нашите идни маркетари, на 29 септември на Економскиот факултет во Скопје ќе се одржи Студентското издание на Marketing Kingdom Skopje, кое ќе вклучува презентации од SAP, Coca-Cola, Rolls Royce и Shell.

MKS 4

5. Marketing Kingdom Skopje ќе биде и местото кaде што македонските професионалци за односи со јавност и комуникации ќе можат за првпат да ја купат „Тајните на светските PR-експерти“, првата книга на P World за односи со јавноста, која содржи прилози  од 12 првокласни гуруа за односи со јавност на светско ниво.

MKS 5

6. Годишно одржуван во 14 различни земји , Marketing Kingdom е еден од најголемите маркетинг-настани во светски рамки. Само во 2016 год., освен во Скопје, настанот се одржува и во Истанбул, Баку, Рејкјавик и Каиро.

7. Првото издание на Marketing Kingdom се одржа во Загреб во март 2011 год. и беше првиот настан во регионот што вклучуваше презентација од Facebook.

8. Marketing Kingdom беше првиот меѓународен маркетинг-настан што се одржа во Исламската Република Иран од Исламската револуција во 1979 год.

MKS 8

9. Marketing Kingdom беше првиот настан во Египет со презентации од Twitter, Google, Instagram, Facebook и Shazam.

10. Marketing Kingdom го организира P World, агенција базирана во Македонија, која ја менува реалноста на бизнисот во 30 земји во светот.

За повеќе информации за Marketing Kingdom Skopje, вклучувајќи цени на билетите, говорници и агенда, посетете ја официјалната интернет-страница за настанот: http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365