Home » Во фокусот » 10. Скопје постер фестивал – една деценија креативен набој истурен врз Скопје и Македонија

10. Скопје постер фестивал – една деценија креативен набој истурен врз Скопје и Македонија

Овој ноември во Скопје ќе гостуваат дизајнери кои ќе остават длабок впечаток кај нашите креативци

Фестивалот ќе се одржи помеѓу 14 и 25 ноември, со главни настани помеѓу 14 и 19 ноември. Изложбите ќе можат да се погледнат до 25 ноември.

Оваа година Скопје постер фестивалот ќе понуди посебно, јубилејно дизајнерско искуство. Настаните ќе се одвиваат на 5 различни локации. Главна музејска локација – Музеј на град Скопје, забавна програма – Твинс, Брик Бар, Four Restaurant. Конференциска локација и место за одржување на работилнците ќе биде Хотел Парк и Спа (позади Гратскиот стадион).

Работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, како и изложби на 10. Скопје постер конкурс, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири членовите со афтер-забава…се само дел од содржините кои ќе бидат понудени над креативното небо на Скопје.

Отворени се повиците за учество во работилниците и дизајн конференцијата.

Учеството во сите работилници не се наплатува, додека конференцијата од неформален-опуштен карактер ќе биде понудена на дизајнерите, креативци индивидуалци и сите уметници и лубители на дизајнот.

Не изостанува и афтер забавата со бенд, сите наши пријатели се добродојдени да ни се придружат на забава со плакатот на 17ти ноември.

Повеќе на: skopjeposter.com/10

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365