Home » Digital » 55 % од онлајн купувачите пребаруваат производи на Amazon

55 % од онлајн купувачите пребаруваат производи на Amazon

Уште една година поминува и уште една низа на податоци покажуваат повторно како Amazon го надминува Google како основен пребарувач при купување.

55% од онлајн купувачите во САД го започнуваат своето онлајн купување низ продавниците на Amazon.com,  во согласност со резултатите добиени од истражување направено врз примерок од 2.000 испитаници извршено од страна на  e-commerce старт-апот BloomReach. Овие податоци прикажуваат покачување на трендот за разлика од минатата година кога 44% од онлајн купувачите се изјасниле дека кога станува збор за купување прво пребаруваат на Amazon.

online-shopping
Процентот на купувачите кои започнуваат со пребарувањето на одреден производ на пребарувачи како што е и Google опадна од 34% на 28%. Бројот на онлајн купувачи кои пребаруваат веб сајтови на продавници (освен Аmazon) се намалил од 21% на 16%.

Овој тренд воедно е знак за лоши вести за големите продавачи како Walmart и Target, кои во последниот период направија големи измени во своите дигитални тимови по растот на конкурентот Amazon.

Очигледниот голем раст на Amazon и доминантноста во овој сегмент исто така претставуваат закана за Google, кој профитира од продавањето на реклами на онлајн продавници преку пребарувања по производи.

Сепак постои и една светла точка од сето ова за Google: помалку купувачи ќе одат на сајтот на продавачот кој има изложени илјадници артикли, овој сајт мора да пронајде нови начини на кои на потрошувачите ќе им  презентира артикли во склоп на нивните интереси како што тоа го прави Google. Кога сајтот на онлајн продавницата е сеопфатен, времето за пребарување се зголемува, а производите од интерес не се во видикот на потрошувачот, тогаш тој  ќе се обрати до Google images со цел да го пребара артиклот кој му е потребен .

Извор: Recode

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365