Од првите вести, симболично емитувани на 11.11.2011 година, Al Jazeera Balkans со целокупната своја содржина, поставува високи професионални и технички стандарди и се стреми да понуди сеопфатна и информативна програма.
Al Jazeera Balkans, првиот канал за вести во регионот и првата членка на Al Jazeera Media Network надвор од земјите од арапското и англиското говорно подрачје, одбележува осум години работење.
Од првиот ден, репортерската екипа на Al Jazeerа Balkans донесува вести и приказни од сите кризни, локални и светски жаришта и ги покрива најважните настани не само во Западен Балкан, туку и низ цела Европа, Блискиот исток, Северна и Јужна Америка.
Од централното студио во Сараево, Al Jazeera Balkans емитува вести и подготвува емисии во регионалните центри во Загреб и Белград, а нејзините дописници известуваат од Скопје, Приштина, Ниш, Подгорица, Бања Лука, Љубљана, Лондон и Вашингтон.
Вести, документарци, емисии …
Порталот на Al Jazeera и неговите новинари, експерти за мултимедија, коментатори и блогери обезбедија бројни анализи на тековните настани, како и многу човечки приказни, кои охрабрија акции за помош на оние на кои им е најпотребно.
Мислењата и блоговите опфаќаат многу социјални феномени на подрачјето на Југоисточна Европа, но и насекаде каде што Al Jazeera Balkans има публика.
Од првите вести, симболично емитувани на 11.11.2011 година, Al Jazeera Balkans со целокупната своја содржина поставува високи професионални и технички стандарди и се стреми да понуди сеопфатна и информативна програма.
Покрај информативната програма и вестите што се емитуваат од пладне до полноќ, прикажани се стотици документарни филмови, голем број интервјуа и репортажи од терен, емисии како Контекст и Контраст, Граници на Истокот, Објектив, Тие победуваат, Кажете и` на Ал Џезеира, Трибини и Спортски магазин, како и Ал Џезеира Бизнис и Ал Џезеира Свет.
Бројни награди и признанија
Al Jazeera Balkans има добиено бројни награди за својата работа, станувајќи прва телевизија на Балканот, но и првиот канал од Ал Џезира мрежата кој ја доби престижната награда на Еутелсат во 2015 година.
Со тоа се искачи на самиот врв, под кој се најдоа телевизиските гиганти како CCTV News, Euronews, France 24 и 24 News, Rai News 24 и други.
Исто така, Al Jazeera Balkans неколку пати е прогласена за најпосакуван работодавач во Босна и Херцеговина и во медиумскиот сектор.
Al Jazeera Balkans е дел телевизиска мрежа Ал Џезира со седиште во Катар, која засекогаш ги промени медиумите на Блискиот исток, но и даде поинаков поглед на настаните во тој и другите делови на светот.
Медиумската мрежа Ал Џезира неодамна одбележа 23 години од своето постоење.
Извор: Al Jazeera