Home » Digital » Амазон за прв пат на третата позиција во дигиталниот рекламен простор во САД

Амазон за прв пат на третата позиција во дигиталниот рекламен простор во САД

Гигантот за е-трговија брзо се движи напред во светот на дигиталното огласување и за прв пат ги надмина Oath и Microsoft

Агресивниот продор на Амазон во дигиталниот рекламен простор ја oднесе оваа компанија на третата позиција во најновите прогнози на приходите од огласување на дигиталните платформи во САД, кој ги претстави eMarketer. На листата пред Амазон сега се само Гугл и Фејсбук.

На тој начин, Амазон за прв пат ги надмина Oath и Microsoft на ова поле и тоа само неколку недели откако пазарната капитализација на компанијата е проценета над психолошките важни 1 милијарда долари.

Објаснувајќи ги причините за овај оптимистички поглед на Амазон, eMarketer укажа на големите органски приходи од реклами, но и сметководствените промени кои сега некои од огласувачките услуги ги третираат како приходи, а не како трошоци за продажба. eMarketer предвидува дека Амазон во 2018 година ќе генерира 4.61 милијарди долари приходи од оглсување во САД, што е многу повеќе отколку во март проектираните  2.89 милијарди долари, пишува британски TheDrum.

Според тоа, Амазон би можел да преземе дел од 4.15% од дигиталниот огласен пазар во САД.

Моника Парт, виш директор за предвидување во eMarketer, ги коментираше овие наоди: “Нивните моќни сознанија во однесувањето на потрошувачите, кога станува збор за купувањето, се она што ги издвојува од Гугл и Фејсбук на пазарот на дигитални реклами и што ја направи компанијата атрактивна опција за огласувачите. Зголемениот промет во пребарувањата им дава причини на продавачите на трети лица да ги зголемат своите понуди за клучни зборови на Амазон. “

За 2018 година, се очекува дека Гугл и Фејсбук ќе контролираат 57,7% од вкупниот приход од дигитални реклами во САД, што иако е импозантно, претставува пад од вкупните 59,1% од минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365