Home » Во фокусот » Apple е првата компанија на светот чија вредност достигна билион долари

Apple е првата компанија на светот чија вредност достигна билион долари

Технолошката компанија Apple стана првата на светот која вреди илјада милијарди долари.

Вредноста на акциите на компанијата Apple порасна за 2,8 %, што беше доволно овој ИТ гигант да достигне пазарна капитализација од билион долари.

Уште од вчера, очите на светската инвестициона јавност беа вперени само во една компанија, односно во Apple. Стотици милиони луѓе го следеа движењето на акциите на компанијата, чија вредност надмина 200 долари и порасна на 207,05 долари, што беше доволно за билион долари.

Вкупно, акциите на Apple пораснаа за 22% оваа година.

Овај успех се чинеше незамислив во 1997 година, кога на Apple беше на работ на банкрот, а акциите вредеа помалку од еден долар. Со цел да преживее, компанијата го врати својот поранешен ко-основач Стив Џобс на функцијата привремен извршен директор.

Компанијата објави дека и дека во третиот квартал од својата фискална година, од април до крајот на јуни, зааботила повеќе пари благодарение на повискоката цена на ајфоните.

Компанијата Apple е основана во 1976 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365