Home » Digital » „Епл“ ја купи апликацијата за препознавање песни „Шазам“ и најави дека ќе ги отстрани рекламите од оваа платформа

„Епл“ ја купи апликацијата за препознавање песни „Шазам“ и најави дека ќе ги отстрани рекламите од оваа платформа

„Епл“ успешно го заврши купувањето на „Шазам“, популарната апликација за препознавање на песни. Компанијата потврди дека ја купила апликацијата и нејзиниот тим за 400 милиони долари во декември минатата година.

Купувањето беше привремено задржано поради истрагата од страна на Европската унија, која го разгледа договорот околу потенцијални услови за создавање монопол. Но, регулаторите информираа дека нема ништо спорно минатиот месец.

Она што сигурно ќе биде добра вест за корисниците на „Шазам“, е тоа што „Епл“ објави дека наскоро ќе ги отстрани сите реклами од апликацијата.

„Шазам“ е симната повеќе од милијарда пати во светот и се користи повеќе од 20 милиони пати секој ден, според соопштението на „Епл“.

„Шазам“ функционира на тој начин што го држите вашиот телефон додека слуша некоја песна која свири во близина неколку секунди, по што информациите за песната и изведувачот се појавуваат на екранот. Таа моментално е достапна на повеќе платформи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365