Home » Во фокусот » Апсорбираме дури 479 минути медиуми дневно

Апсорбираме дури 479 минути медиуми дневно

Ширењето на брзите мобилни податоци влијае на глобалната конзумација на содржината

Не е тајна дека ширењето на мобилните уреди и брзите мобилни мрежи ја трансформираа глобалната медиумска потрошувачка во текот на изминатите години.

Просечното лице троши на медиуми 479 минути или речиси осум часа дневно, што е за 12% повеќе од 2011 година, според извештајот на Зенит наречен “Предвидување на медиумската потрошувачка”. До 2020 година, луѓето ќе трошат 492 минути дневно. Една четвртина од тоа време ќе бидат потрошени за користење на мобилни уреди, со предвидување да достигне до 28% до 2020 година.

“Мобилната технологија ги поттикнува брендовите да размислат за тоа како комуницираат со потрошувачите”, вели Виторио Бонори, глобален бренд претседател на Зенит. “Брендовите треба да разберат како функционираат потрошувачките умови, со цел да се одреди пристапот за комуникација со нив.” Потрошувачите кои активно бараат одредени информации се разликуваат од оние кои споделуваат фотографии од одмор со пријателите или се релаксираат и уживаат во видеата. Брендовите треба да ги разберат сигналите кои ги обезбедува активноста на потрошувачот со цел оптимизирање на комуникациските стратегии.

Разликата меѓу традиционалните и дигиталните податоци во голема мера стана ирелевантна во денешното медиумско опкружување. Важно е дека потрошувачот ја чита веста, а не дали го прави тоа користејќи печатени весници или веб-страници.

Четвртото издание на извештајот ги советува брендовите да користат податоци, технологија и вештачка интелигенција за подобро да ги координираат своите комуникации помеѓу медиумите и мозокот на потрошувачите, со цел подобро да ги разберат новите трендови.

Извештајот, исто така, вели дека времето поминато во кината помеѓу 2011 и 2018 година се зголемило за 3%, бидејќи сопствениците на кина инвестирале во повеќе екрани и подобро искуство за посетителите, додека филмските студија се свртеле кон меѓународна публика. Иако на оваа активност моментално се троши само 1,7 минути дневно, Зенит проценува дека ќе се зголеми за 1,9 минути во 2020 година.

Весниците и списанијата се најголеми губитници

Времето поминато на другите канали сè уште паѓа. Во периодот помеѓу 2011 и 2018 година, најмногу изгубија весниците и списанијата – 45%, односно 56%. Сепак, ова се однесува само на времето поминато во читањето на печатени публикации, додека времето поминато на читање весници и списанија онлајн е вклучено во Интернет.

Многу публикации добија повеќе време онлајн отколку што изгубија во печатот. Времето поминато низ гледање телевизија е намалено за 3%, додека времето поминато во слушањето на радио падна за 8%. Но, во извештајот се нагласува дека телевизиските канали и радио станиците ја стекнале публиката онлајн во исто време кога ја изгубиле офлајн. Според тоа, ТВ се соочува со зголемена конкуренција од дигиталните платформи како што се YouTube и Spotify.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365