Home » Во фокусот » Asiana Airlines – еден поинаков ПР

Asiana Airlines – еден поинаков ПР

Иако моментално се наоѓате на веб сајт кој што би требало да биде офарбан со претежно среќни настани, односите со јавност се во прв ред направени да бидат одговор на несреќните околности во кои што компаниите или државите можат да се најдат.

Веќе ги знате деталите околу авионската несреќа која што вклучуваше авион на компанијата Asiana Airlines, со седиште во Јужна Кореја. Несреќата се случи на аеродромот во Сан Франциско, а секогаш гладните американски медиуми ја покриваат сторијата од сите можни агли.

Три дена по несреќата, главниот човек на Asiana – Јун Јонг Ду, заедно со неколку членови на надзорниот одбор на втората по големина авиокомпанија во Јужна Кореја, одржаа пресконференција на која што официјално се извинија од името на компанијата за инцидентот, откако претходно истакнуваа соопштенија за јавноста од своето седиште во Сеул.

Освен специјално селектираните зборови со кои упати извинување за инцидентот и упатување на зборови за поддршка, директорот на компанијата заедно со другите членови во знак на почит се поклона пред починатите и пред повредените и сите инволвирани во инцидентот. И да дополни дека уште повеќе ќе се посвети на инвестирање во способноста на својот екипаж. Asiana од старт соработува со медиумите во однос на информациите околу инцидентот, комплетно транспарентно. Скоро секој ден, место да се пуштаат прес соопштенија на секој час, лично и персонално Јун Јонг Ду држи пресконференции за текот на настаните. Американските медиуми го критикуваат начинот на непокривање на настанот со секојдневни соопштенија, но засегнатите патници и нивните фамилии всушност откриваат дека Asiana директно нив ги контактира за секоја промена или информација.

Секое официјално соопштение објавено на нивната веб страна е внимателно напишано, со максимум потребни информации. Американските медиуми ги најдоа истите како штури и недоволни. Нивната веб страна  има посебен дел наречене Asiana Crisis Management System. Веќе се направија и неколку видеа за тоа колку Asiana всушност инвестира во своите екипажи на медиуми како CNN.

W1 W2

Екипажот на овој кобен лет заслужува максимално наградување за нивниот придонес во спасувачката акција.

Методот на Asiana се коси со американскиот пристап на кризен менаџмент во кој што се користи секоја прилика да се објават информации, без разлика дали тие ќе помогнат во големата слика или не.

Во целата оваа ситуација, социјалните медиуми и обичниот граѓанин го водеа кормилото на некогаш неприкосновените телевизски медиуми. Можноста да се прикажуваат вести во реално време и додека се случуваат нештата е многу подобро него ли 2 минути прилог во вечерните вести.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365