Home » Во фокусот » Авиокомпанијата Емирати стави четботови на традиционални банер реклами

Авиокомпанијата Емирати стави четботови на традиционални банер реклами

Можеби четботовите можат да донесат живост во старомодните формати

Авиокомпанијата Емирати користи вештачка интелигенција за четботот кој е ставен во банер рекламите за нивната понуда Emirates Vacations . Рекламите им овозможуваат на луѓето да поставуваат прашања во врска со патувањето и дестинациите и да добиваат одговори и тоа во самата рекламна единица. Но, компанијата верува дека вештачката интелигенција може да има и друга примена тука – разбивање на пречките кога станува збор за пребарувањето. Четботот ќе препорача дестинации и пакети за одмор врз основа на контекстот на корисничките прашања, содржината на страницата на која се појавува банерот и понудата на компанијата.  “Разгледајте го светот без напуштање на страницата“, порачуваат овие реклами.

Ние сакаме да го разгледаме патот на корисникот и да отстраниме колку што е можно повеќе пречки“, вели Алиса Полард, потпретседател на маркетинг за Emirates Vacations, која работеше на овие реклами со агенцијата Wayblazer.

Emirates Vacations ги објави овие реклами како дел од 30-дневната кампања која започна на крајот од декември. По истекот на 30 дена, Emirates Vacations забележа зголемување на ангажманот на корисниците од 87% во споредба со нивните традиционални реклами за кликање, тврди Полард.

За да ја добие оваа бројка, Emirates Vacations тестираше 550.000 импресии од новиот формат со четбот и ги спореди со ист број на појавувања од нивниот традиционален формат на реклами. Емирати не ги споделија мерните податоци околу ангажманот на нивните обични реклами, но наведоа дека планираат да продолжат да ја користат оваа нова “подобрена” верзија.

Полард, исто така, рече дека овие  реклами им даваат нов живот во традиционалните рекламни прикази. Традиционалните реклами веќе долго време ги иритираат онлајн рекламите, па многу брендови ги истражуваат начините на кои можат да им дадат поголема вредност на корисниците. Притоа, туристичките и патничките брендови мораат особено да посветат внимание на корисничкото искуство, забележува Полард.

Кога патувате, најважно е искуството“, вели Полард. “Вештачката интелигенција ја гледаме како еден од начините да внесеме поголема релевантност за купувачкиот пат на потрошувачот и да обезбедиме подобри одговори“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365