Home » Во фокусот » Баер го презема Монсанто за 66 милјарди долари

Баер го презема Монсанто за 66 милјарди долари

Германскиот фармацевтски гигант Баер (Bayer) ќе ја превземе американската ГМО компанија Монсанто (Monsanto).

monsanto_bayer

Последната понуда на Баер која е дадена во вторникот се шпекулира дека изнесува 128 долари по акција или вкупно 66 милјарди долари, а постигнатиот договор ќе го направи Баер најголемиот светски производител на пестициди и семенски материјал (ќе има контрола на повеќе од 25% од светскиот пазар), со што ќе стане нов лидер на пазарите во САД, Европа и Азија.

Продажбата е заклучена по повеќе од четиримесечни преговори.

Компанијата Баер произведува семиња, како и хемикалии против коров и инсекти, но попозната е по своите фармацевтски производи, како Аспирин.

Монсанто првенствено е познат по своите генетски модифицирани семиња, вклучувајќи пченка, соја, памук, пченица и шеќерна трска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365