Home » Во фокусот » Бенетон искористи фотографија од мигранти во рекламна кампања

Бенетон искористи фотографија од мигранти во рекламна кампања

Француската хуманитарна организација SOS Mediterranee го искритикува производителот на облека Бенетон, бидејќи во рекламна кампања искористил фотографија на мигранти спасени на море.

SOS Mediterranee целосно се дистанцира од оваа кампања во која се прикажува фотографијата која беше направена додека нашите тимови ги спасуваа луѓето во неволја на море на 9 јуни”, објави организацијата преку Твитер.

Сликата објавена на Интернет и во дневните весници, како што наведува невладината организација, покажува мигранти во чамец со црвени спасувачки елеци и мотото на компанијата “United colors of Benetton“.

Организацијата SOS Mediterranee забележува дека во секое момент мора да се почитува достоинството на преживеаните.

“Човечката трагедија од Средоземното Море никогаш не смее да се користи за никаква комерцијална намена”, додава тој.

Хуманитарната група истакна дека не дава согласност за комерцијална употреба на овие фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365