Home » Во фокусот » Бесплатен интернет во текот на цела ноќ – Зголемени придобивки за припејд корисниците на Vip

Бесплатен интернет во текот на цела ноќ – Зголемени придобивки за припејд корисниците на Vip

Вип со гордост го најавува воведувањето на уште една придобивка за корисниците на мобилната припејд телефонија со која добиваат бесплатен интернет во текот на целата ноќ.

Ова лето, сите Vip Припејд корисници, со секое дополнување на припејд сметката, без разлика на износот, го добиваат интернет пакетот „Трета смена“, со кој сурфаат бесплатно секоја вечер во периодот од 00:00 ч. до 09:00 ч. Бесплатното ноќно сурфање трае 10 дена, после секое надополнување!

Сите нови припејд корисници го добиваат автоматски новиот интернет пакет „Трета смена“.

Истовремено, Вип воведува нова припејд тарифа Vip Pulse со огромни придобивки за  сите нови Vip Припејд корисници на оваа тарифа кои бесплатно добиваат: тарифна опција Vip Pulse+, како и новиот пакет Vip Пријатели, со кој имаат можност  да зборуваат 30 дена бесплатно и неограничено со сите Vip Припејд корисници, интернет пакет „Трета смена“, и 2GB интернет, кои може да ги користат во кој било период од денот, во првата недела од активацијата.

Сите постојни припејд корисници на некоја од постојните тарифи, а кои сакаат да уживаат во сите придобивки што ги обезбедува тарифата Vip Pulse, треба да го променат тарифниот модел со едноставно праќање SMS на 14712 со текст Pulse, со што во првите наредни 30 дена автоматски ја добиваат Vip Pulse+ тарифната опција.

За сите оние кои сакаат 30 дена да уживаат во бесплатни разговори со сите Vip Припејд корисници како Vip Pulse корисник треба да го активираат пакетот Vip Пријатели по цена од 59 ден. со испраќање на SMS на 1464 со содржина START.

Со овие новини Вип ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, комуникација и многу забава.

Повеќе информации можете да прочитате на www.vip.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365