Home » Во фокусот » Брендот Missguided во својата нова кампања им порачува на жените да бидат самоуверени во сопствената кожа

Брендот Missguided во својата нова кампања им порачува на жените да бидат самоуверени во сопствената кожа

Сакајќи да ги искористи позитивните коментари и пофалбите коишто модните брендови ги собраа во последно време со прикажување на стриите и другите наводни „мани“ во светот на модното огласување, брендот Missguided започна нова кампања која ја слави индивидуалноста.

Кампањата на брендот е наречена “Make Your Mark“ има за цел да ја пренесе пораката на брендот дека жените би требало да се чувствуваат самоуерено во сопствената кожа, без оглед на тоа дали ги исполнуваат совршените стандарди за убавина кои општеството ги наметна само по себе.

Видео и принт огласите прикажуваат девет жени, а рекламите се дел од пошироката кампања „Keep On Being You“, чија што мисија ја поддржа 89-годишната модна и интернет ѕвезда Бади Винкл.

Од нејзиното лансирање во октомври, кампањата поттикна 20% повеќе нови корисници во Велика Британија за да ја посетат веб-страницата на MissGuided и 12% повеќе корисници во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365