Home » Во фокусот » Брендот за запалки Zippo регистрираше трговска марка на својот уникатен звучен „клик“

Брендот за запалки Zippo регистрираше трговска марка на својот уникатен звучен „клик“

Познатиот светски бренд на запалки Zippo објави дека Американскиот завод за патенти и трговски марки им додели регистрирана трговска марка за уникатниот звучен „клик“ на запалката, ставајќи го во друштво на други популарни звуци како лавот од најавата на филмското студио Metro-Goldwyn-Mayer и свиркањето од филмската франшиза Hunger Games.

„И покрај тоа што Zippo има издадено голем број на различни дизајни на својата класична запалка отпорна на ветар во изминатите 86 години,  инстантно препознатливиот звучен „клик“ е останат ист – синоним за самиот бренд, прифатен универзално ширум светот. Доделената трговска марка е доказ за непоколебливата посветеност кон квалитетот и истрајноста,“ изјави Лукас Џонсон, глобален бренд менаџер во Zippo.

Zippo создаде и посебно видео со акцент врз сите звуци кои може да создадат со нивните запалки:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365