Home » FMCG » Бадвајзер ќе го замени Карлсберг како официјално пиво на англиската фудбалска репрезентација

Бадвајзер ќе го замени Карлсберг како официјално пиво на англиската фудбалска репрезентација

Ова спонзорство вклучува и значителни инвестиции на стадионот Вембли, со кои Бадвајзер има намера да го подобри искуството на навивачите

Американски бренд Бадвајзер ќе го замени Карлсберг како официјално пиво на фудбалската репрезентација на Англија, како дел од најголемото спонзорство во историјата на Фудбалската Асоцијација.

Покрај спонзорството на националниот тим, овој бренд во сопственост на компанијата AB InBev, исто така, ќе ги преземе баровите на стадионот Вембли. Со овој потег Бадвајзер сака уште повеќе да ги продлабочи своите односи со овој спорт и ќе го обнови партнерството со ФА Купот кое трае од 2015 година.

Карлсберг го најави минатата недела крајот на 22-годишенното спонзорство на репрезентацијата на Англија, објаснувајќи дека сакаат да го пренасочат фокусот кон настани во живо и други спортски настани.

Бадвајзер ќе го преземе спонзорството од почетокот на сезоната 2018/19, а Фудбалската асоцијација наведува дека овај огласувач се согласил да игра активна улога и со инвестирање во некои од клучните иницијативи во фудбалот.

Договорот исто така вклучува значајни инвестиции на Вембли стадионот, со кои Бадвајзер сака да го подобри искуството на навивачите и компанијата најавува дека ќе служи премиум брендови од своето портфолио во деновите кога има натпревар.

Овој потег, најверојатно, ќе помогне да се зголеми популарноста на Бадвајзер помеѓу британските потрошувачи на пиво, со тоа што на брендот веќе добро му оди во Велика Британија, па така финансиската 2016 година ја заврши со раст од 15% и остварен вкупен промет од 49,2 милиони фунти.

Џејсон Ворнер, претседател на AB InBev за Северна Европа, вели дека брендот ја зацврсти својата врска со фудбалот и дека тие се задоволни со тоа што станаа дел од “некои од најголемите културни моменти на земјата” преку ова партнерство.

Данскиот пивски бренд Карлсберг одлучи да стави крај на својот спонзорски договор пред помалку од една година, откако инвестираше 15 милиони фунти во голем редизајн во рекламирањето, во рамките на кој би се позиционирале како премиум производ, но од брендот нагласуваат дека спортот и понатаму продолжува да биде многу важен за нивниот маркетинг микс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365