Home » Во фокусот » Burger King ги избрича мустаќите за Movember

Burger King ги избрича мустаќите за Movember

За прв пат во историјата на брендот, нивната маскота ги “избриче” мустаќите за поддршка на благородна цел

Благодарение на движењето Movember, мажите ширум светот овој месец имаат една цел, да ги пуштат најдобрите мустаќи досега со цел да се подигне свеста за рак на простата, рак на тестисите и други здравствени проблеми кои ги погодуваат мажите.

На движењето се приклучи и маскотата на Бургер Кинг, па така „Кралот“ на компанијата “ги избриче“ своите мустаќи за да пушти уште подобри мустаќи кои ланецот за брза храна ги нарекува „kingstache“.

Спотот кој ја промовира акцијата, на одреден начин му оддава признание  на брендот Gillette, имитирајќи го стилот на рекламите на овај бренд, но и нивниот слоган, па така спотот завршува со зборовите „најдоброто за кралот“.

Бургер Кинг ги повика своите фанови да се придружат на акцијата и да ги споделат своите слики со најдобрите мустаќи досега, со хаштагот #kingstachechallenge.

Според наводите од компанијата, ова е прв пат нивниот Крал да го избричи своето лице, а ќе има и свој профил на страницата movember.com, на која можеме да го следиме неговиот напредок во пуштањето на мустаќи. Главната агенција на оваа компанија е Code and Theory.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365