Home » Во фокусот » Бургер Кинг има порака до сите креативци кои веруваат дека вештачката интелигенција ќе им ја земе работата

Бургер Кинг има порака до сите креативци кои веруваат дека вештачката интелигенција ќе им ја земе работата

Вештачката интелигенција сеуште не е способна да ги замени креативците

Пишува: Jessica Wohl, Advertising Age

Минатата недела Бургер Кинг испрати соопштение за медиуми објавувајќи дека нивната најнова рекламна кампања е целосно создадена од вештачка интелигенција. Со зголемената популарност на вештачката интелигенција и зголемената употреба на овие технологии во индустријата, многу би поверувале во таквата најава, барем на кратко, известува AdAge.

Во соопштението, Бургер Кинг вели дека тестираат бета верзија на “нов алгоритам со длабоки вештини за учење, кои би можеле да обезбедат увид во иднината на маркетингот и комуникациите.”

Имено, брендот тврди дека одлучиле “да користат напредни компјутерски ресурси и big data со цел да им овозможат на вештачката невронска мрежа со напредни можности за препознавање на модели со анализа на илјадници реклами за брза храна, извештаи за конкуренција од истражувањата во индустријата.” Бургер Кинг, дури тврди дека досега се направени и тестирани со фокус групи, повеќе од 300 реклами, а ова ќе биде првата реклама создадена од вештачка интелигенција која ќе се прикажува на националната телевизија.

Но, Бургер Кинг е познат по својот хумористичен пристап во маркетингот, па така и новата кампања може да го привлече вниманието на многумина.

Flame grilled, just like you“, вели нараторот во спотот за Whopper од 15 секунди, наводно, создаден од вештачка интелигенција, во кој подоцна, исто така, се вели дека “Burger King, have it Uruguay.”

“Вештачката интелигенција, машинското учење, алгоритмите за длабоко учење, блокчеин, сите овие се актуелни теми во разговорите за иднината на маркетингот, но мора да ја избегнеме можноста дека ќе се изгубиме во морето на технолошките иновации и зборови и да заборавиме на она што е навистина важно. А тоа е идејата”, вели Марчело Паскоа, глобален директор лидер за бренд маркетинг за Бургер Кинг. “Вештачката интелигенција не е замена за голема креативна идеја што доаѓа од вистинска личност”.

За да ја докажат оваа поента, Бургер Кинг направи серија реклами во кои вештачката интелигенција направи сосема неконзистентни пораки и нелогични пораки.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365