Home » Digital » Cannes Lions го лансира The Work – уникатен дигитален ресурс кој ќе ја предводи креативната извонредност

Cannes Lions го лансира The Work – уникатен дигитален ресурс кој ќе ја предводи креативната извонредност

Интернационалниот фестивал за креативност Cannes Lions го претстави лансирањето на The Work, нов дигитален ресурс кој на глобалната индустрија за креативни комуникации ќе и’ понуди податоци за ефективно подобрување на бизнисот.

The Work е уникатна дигитална платформа која ќе нуди интуитивни начини за пребарување на преку 200,000 глобални креативни дела, курирани плејлисти и најдобри остварувања на индивидуални брендови и агенции. Датабазата е организирана интелигентно за да им овозможи на бизнисите да дојдат до најдобрите светски креативни дела категоризирани по добиени награди, индустриски сектор, бренд, агенција, локација или индивидуа.

Секое дело ќе биде определено со своите податоци, контекст и директен увид, што го прави The Work драгоцена платформа кој ќе им овозможи на креативците и маркетерите да создаваат подобри кампањи преку соработка, брзо истражување и способноста да се “скоцка” брифинг за брзо време. Платформата го дигитализира огромното богатство од креативни дела кои поминале низ Cannes Lions, трансформирајќи ја креативната историја во моќна алатка која ќе игра значаен удел во идното паметно донесување на одлуки.

Филип Томас, генерален извршен директор на Ascential Events и избран претседател на Cannes Lions, коментираше: „Секоја година на Cannes Lions, нашите жирија вреднуваат десетици илјади пријавени глобални кампањи, резултирајќи со најголемата колекција на креативни дела од светот. Нашите истражувања во повеќе наврати покажале дека колку што е вашиот бизнис покреативен, толку ќе биде подобар и повратот од инвестициите. Лансирањето на The Work на пазарот ќе донесе една уникатна и фундаментална дигитална платформа кој ќе нуди повеќе интелигентни и ефективни начини на работа, ќе го зголеми креативното производство и крајно ќе доведе до подобар бизнис.“

The Work официјално ќе биде лансирана за време на одржувањето на овогодинешното издание на интернационалниот фестивал за креативност Cannes Lions во јуни. Изградена од корисничките увиди на 250 глобални агенции и акционери, со примена на научна обработка и инжинеринг на податоци, The Work е резултатот на мисијата да се создаде креативна платформа насочена кон корисниците која ќе ги подобрува идните бизнис перформанси. Ascential, сопственикот на Cannes Lions, во догледно време планира ја интегрира алатката и со други важни податоци, како што се податоците за e-commerce перформанси, со што на брендовите ќе им понуди уште поцелосен поглед.

Данкан Пејнтер, генерален извршен директор на Ascential, додаде: „Мисијата на Ascential е да ја деблокира иднината на нашите корисници преку нашата бизнис-критична интелигенција. Лансирањето на The Work го одбележува следниот чекор на патот да се дигитализира Cannes Lions, со цел на корисниците да им се овозможи еден многу значаен увид. The Work, заедно со другите проекти на Cannes Lions, како што се Cannes Lions Creative Leaders Programme и Cannes Lions Masters for Brands, се насочени кон помагањето на бизнисите да останат фокусирани на иднината.“

Во насока на исполнувањето на ветувањето на Cannes Lions за зголемување на дигиталната изложеност на пријавените креативни кампањи подалеку од самиот фестивал, секој кој ќе присуствува или пријавил кампања на Cannes Lions 2018 ќе добие бесплатен пристап до The Work за време на фестивалот и во месецот кој што ќе следи. Специјална курирана верзија на производот ќе биде достапна и како бесплатен “трајал” за пошироката креативна заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365